Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус“ во Струга, со нож го прободел М.П..

Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Братот на повреденото момче, на социјалните мрежи го покажа осомничениот и кажа дека операцијата која му била извршена на неговиот најблизок траела 9 часа.

Братот посочи дека напаѓачот бил од Ташмаруништа.

– Ноќеска со НОЖ од 30см се обиде да ГО УБИЕ БРАТ МИ (објавуваме иницијали М.П), нанесувајќи му повреди кои трајно можат да го загрозат неговото здравје и професија. Марко е опериран цели 9 саати, се вели во постот.

Квалификацијата на настанот низ медиумите е нанесување на тешки телесни повреди. НЕ. ОВА Е УБИСТВО ВО ОБИД и така треба да се процесуира, порача братот на повредениот и побара напаѓачот да заврши во ПРИТВОР, со се ножевите со кој шета по Струга.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК