Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: Кандидатите на „Вреди“ шират шовинистичка реторика

Политичката партија Левица изрази загриженост поради, како што наведува, шовинистичката реторика на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВРЕДИ, Хаќим Рамадани, кој, според партијата, „предизвикува етнички тензии и шири национал-шовинизам“.

„Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина“, се наведува во соопштението на Левица.

Според партијата, Рамадани во јавно обраќање од дијаспората „наместо да говори за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицирал сепаратизмот на Илирида“, со што „директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ“.

Левица посочува дека Рамадани потврдил дека во општина Брвеница е обединет со ДУИ во вториот изборен круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, премиерот Христијан Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада и прашува дали ќе остане нем набљудувач пред изјави на коалиционите партнери кои шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот карактер на државата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК