Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОЖД НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАДОЛУ: Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата.

Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК