Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕ ГИ ЧАДОРИТЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.

Прогноза за 27.10.2025
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 28.10.2025
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.10.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК