Преспанското Езеро незапирливо и неповратно заминува, само ова лето кое беше едно од најсушните во последнава деценија-две, истото е повлечено повеќе десетици метри.
На фотографиите и видеото може да се забележи како од едно прекрасно езеро полно чиста вода со убави спомени за илјадници туристи кои ги чуваат од седумдесетите, осумдесетите, деведесетите години станува вистинска пустина.
Граѓаните на овој дел од Македонија алармираат за еколошката катастрофа која следува. Од ова погубување на второто најголемо природно езеро во Македонија кое располага со единствениот остров, допрва штета ќе забележи и Охридското Езеро, кое всушност по природен пат се полни со вода од Преспанското.
Дали е време некој од надлежните да превземе акција? Факт е дека за евентуално решавање на овој проблем, ќе биде потребна недвосмислена и вистинска помош од меѓународната заедница, особено од ЕУ. Помош која нема да биде само како до сега на хартија, туку реална, опиплива и видлива. #savePrespa







ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


