Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Речиси сите членки на Европската Унија и НАТО се обединија за да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија со започнување војна против Москва преку нацистичкиот режим во Киев, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во видео порака што беше прикажана за време на церемонијата на отворање на VIII Глобален форум на млади дипломати, Лавров рече дека пред 80 години Русија ѝ нанесе решителен пораз на „нацистичка Германија, која ја обедини практично цела Европа во тоа време под своето знаме украсено со свастика“, пренесува РИА Новости.

Лавров рече дека оваа година се одбележува 80-годишнината од победата во Втората светска војна и Големата патриотска војна, како и 80-годишнината од основањето на ООН, и дека значењето на овие настани, кои беа пресвртница за целиот повоен светски поредок, не може доволно да се нагласи.

„Важно е да се потсетиме на ова денес, кога Берлин упатува неодговорни повици повторно да ја направи германската армија најсилна на континентот и кога речиси сите членки на Европската Унија и НАТО повторно се обединија за да ѝ нанесат стратешки пораз на нашата земја со започнување војна против Русија преку нацистичкиот режим, кој нелегално беше доведен на власт со државен удар во февруари 2014 година“, рече Лавров.

Тој рече дека Руската Федерација, како постојана членка на Советот за безбедност на ООН и најголемата евроазиска сила, е целосно свесна за својата посебна одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.
Лавров нагласи дека Русија продолжува енергично да работи на создавање поправеден светски поредок, кој мора да се базира на принципите на Повелбата на ООН и мора да ја земе предвид целата културна и цивилизациска разновидност на светот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Северна Кореја гради музеј во чест на загинатите војници во Русија

C +

Азаров: ЕУ ја претвора Украина во воена населба по должината на границата со Русија

C +

Голем скандал во австралиската војска: илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба

C +