Centar.mk
СВЕТ

Дрон удри во зграда во Московска област: станот е целосно уништен, петмина повредени

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Красногорск, Московска област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов.

„Станбена зграда во Красногорск е оштетена во напад со беспилотно летало. Дронот се урна во стан на 14-ти кат. Пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Четворица се веднаш однесени во болници, каде што добиваат потребна медицинска помош“, напиша Воробјов на својот Телеграм канал.

Тој истакна дека детето претрпело полесни повреди на долниот дел од ногата и исчашено колено, додека другите повредени лица имаат трауматски повреди на мозокот, фрактури и рани од шрапнели.

Инцидентот оштети и делумно уништи три стана. Фрагменти од облогата на зградата и стаклените прозорци беа расфрлани на растојание од околу 100 метри. Станарите на зградата изјавија за руската државна новинска агенција Тасс дека експлозијата била „многу моќна“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК