Соопштение на Влен:
Очајните обиди на поразената НАИ да ги преведе изборите од 19 октомври во „мандати за пратеници“ се доказ дека оваа коалиција не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста.
Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија, во лица кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот. Тие избраа политика на резултати, а не политика на страв.
Дури ни телевизиските толкувања на превртените бројки не можат да го променат фактот дека сега е неоспорно дека ВЛЕН ја покрива целата политичка карта на Албанците. И ова е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.
Изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Љога и некои други, кои смислуваат имагинарни графикони за „идни пратеници“ што никогаш нема да ги видиме, се доказ за паниката што ја зафати селотејп коалицијата. Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни милитантите.
Четири дена по ред, нивниот „неоспорен“ лидер, Али Ахмети, не се појави никаде. Можеби сè уште чека да му бидат прикажани резултатите од „референдумот“.
Им посакуваме на Арбер Адеми, Блерант Рамадани и Кренар Љога почести јавни настапи. Секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи илјада гласови. И ние, искрено, немаме ништо против тоа.