Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

Десет години по исчезнувањето на Андреас Л. и Максимилијан Б. од австрискиот регион Милфиртел, чешките власти пронашле потопен автомобил со човечки остатоци во езерото Липно, кои најверојатно им припаѓаат на нив.

Возилото, сив „цитроен“, било откриено случајно од војници во близина на пристаниште. Полицијата потврди дека се работи за автомобил што се бара веќе една деценија, а остатоците се испратени на ДНК анализа.

Двојцата пријатели исчезнале во септември 2015 година, кога тргнале кон чешкиот град Виши Брод. Иако истрагата тогаш беше обемна, нивната судбина остана непозната – сè до ова откритие што, според полицијата, најверојатно ја затвора мистеријата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП НАЈАВИ КРАЈ НА ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА ИЗРАЕЛ – Вели дека исплатите би запреле до крајот на годината

ДЕСК

НАЈАВЕНИ РАЗГОВОРИ ВО АБУ ДАБИ – САД ќе посредуваат меѓу Украина и Русија

ДЕСК

БРИСЕЛ СВИКУВА СРЕДБА ЗА УКРАИНА – На маса ќе биде повоената обнова

ДЕСК