Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Африм Гаши по повод денот на ВМРО: 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време

– 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, се вели во честитката на претседателот ан Македонското собрание.

– Во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество. Само преку соработка и инклузивност можеме да изградиме посилни институции и поправедна и поинклузивна држава.

По тој повод, посакувам овој ден да ни биде повик за единство, граѓанска посветеност и заедничка заложба за иднината на нашата земја.

Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!, рече Гаши.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК