Centar.mk
фото Општина Центар
ЛОКАЛНО

Герасимовски го свикува кризниот штаб, ќе се носат кризни мерки за сметот

Состојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот.

Градоначалникот Герасимовски денес во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот. Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП „ПОЦ“ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден.

Во 12:00 часот, по состанокот, градоначалникот Герасимовски ќе одржи прес-конференција во дворот на општината. Ве замолуваме за присуство, поради важните следни чекори со кои мора да бидат информирани граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „406“ во н.м Марино

ДЕСК

Герасимовски до советниците: Граѓаните гледаат кој работи за нив, а кој за партијата

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

ДЕСК