Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на мандати, според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, е 18, што е тројно повеќе од второпласираната Левица во советот која пак има 6 мандати.

Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно 27.479 гласа.

Зад нив е коалицијата Влен со 11,77 отсто од гласовите, или во мандати, истотака, 6. Потоа, коалицијата НАИ на ДУИ, со освоено 11,64 отсто од гласовите со шест мандати. СДСМ е петтопласирана во советот на Град Скопје, со освоени 10,59 отсто од гласовите, во мандати 5.

По еден мандат имаат Ристо Пенов од Икуство за успех, Горанчо Котески од движењето ЗНАМ, и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК