Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на македонските патишта – Повредени неколку млади лица

На 19.10.2025 во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга,
во близина на место викано „Сушара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ со дебарски регистарски ознаки, А.У.(21) од Дебар, додека со телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК