Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека општинските служби, заедно со вредните хигиеничари денеска повторно го чистат сметот на територија на општината и просторот околу контејнерите.
„И покрај тоа што ЈП „Комунална хигиена“ повторно потфрли во навременото собирање и транспортирање на сметот, Општина Центар и овој пат интервенираше со сопствени ресурси за да ја одржи хигиената на највисоко ниво и да обезбеди чиста и уредна средина за центарци. Сметот е исчистен во Капиштец, акцијата продолжува и во другите населби. Секогаш кога има застој од градската власт, Општина Центар реагира веднаш“, рече Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека службите се на терен со целата механизација во две смени.
„Грижата за чиста и здрава животна средина останува наш приоритет. Со оваа акција, покажуваме дека одговорно и навремено реагираме секогаш кога е загрозена хигиената и јавниот ред. Продолжуваме да работиме за нашите граѓани, за чистотата, за уредна општина“, порачува Герасимовски.
Со почит,