17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на војната во Украина, и тоа еден ден откога американскиот претседател најави нов самит со Владимир Путин во Будимпешта во наредните недели.

Зеленски рече дека пред средбата со Трамп во Овалната соба, ќе се сретне со претставници на одбранбени и енергетски компании. „Очекуваме дека моментот во сузбивањето на теророт и војната, што е постигнат на Блискиот Исток, ќе помогне да се стави крај на руската војна против Украина“, рече украинскиот претседател.

Зеленски се огласи на социјалните мрежи.

„Ништо не се промени за Русија, таа продолжува да ги тероризира животите во Украина. Рој беспилотни летала го нападнаа Криви Рих погодувајќи ја цивилната инфраструктура. Имаше уште десетици напаѓачки беспилотни летала на нашето небо. Беа снимени и проектили. Всушност, ниедна ноќ во последните недели не помина без руски напади врз Украина. Повеќето од целите се инфраструктурни објекти, што е систематска кампања на терор против нашиот енергетски сектор.

Русија се обидува да го претвори овој дел од Европа во остров на опасност и страдање на човечките животи. Клучот е да не се дозволи тоа да се случи. Русија ќе биде принудена да ја запре војната во моментот кога повеќе нема да може да ја води. А нејзината вистинска подготвеност за мир не лежи во зборовите што на Путин никогаш не му недостигаат, туку во вистинското прекинување на нападите и убиствата и токму таму има проблем.

Путин сигурно не е похрабар од Хамас или кој било друг терорист. Јазикот на силата и правдата неизбежно ќе работи против Русија. Веќе можеме да видиме дека Москва брза да го продолжи дијалогот штом ќе чуе за ракетите „томахавк“.

Затоа секој противвоздушен систем е важен за Украина – спасува животи. Секоја одлука што може да нè зајакне го приближува крајот на војната. Безбедноста може да се гарантира ако сè за што се договоривме, вклучително и овде во Вашингтон, навистина се спроведе. Им благодарам на сите што стојат зад Украина“, рече Зеленски на „Икс“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Венс: „Украина и Русија сè уште не се подготвени, мирот е далеку од реалноста“

C +

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

C +

Трамп најави намалување на цената на „оземпик“

C +