Centar.mk
СВЕТ

Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција „РИА новости“ повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“, Сергеј Лебедев.

Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.

„Беа избројани 15-ина експлозии. Силно гори во областа на аеродромот ‘Лозовацки’ на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Од таму масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарската територија, јужно од Ростовската област“, ​​рече Лебедев.

Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗАСТАНА ЗАД АЈЗЕНКОТ – За влада сè уште недостига мнозинство

ДЕСК

КАТАР ГЛЕДА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР – САД и Иран разгледуваат нови предлози

ДЕСК

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК