Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Четири години празни ветувања, Горно и Долно Лисиче заборавени од Муцунски и Митески

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром:

Почитувани сограѓани,

Списокот на изневерени очекувања од Муцунски и Митески е голем, во Долно и Горно Лисиче денес не е реализиран ниту еден проект од многу ветените проекти на Муцунски пред четири години. Недостигот на основни инфраструктурни инвестиции зборува за сериозен неуспех на ВМРО-ДПМНЕ во овој дел од општина Аеродром

Посебен срам е што и по четири години, патот меѓу Горно и Долно Лисиче остана без никакво осветлување, иако беше ветено негово осветлување и проширување на мостот на Маркова Река. Овој пат ноќе е опасен за движење, а жителите секојдневно ризикуваат поради недостиг на основни услови за безбедност.

Во програмата предвидуваа и проект за велосипедска патека од мостот кај Маркова Река до Долно Лисиче, како дел од визијата за зелен и поврзан Аеродром. Денес, наместо патека, имаме запуштен и небезбеден терен кој потсетува на заборавен крај на градот.

Ниту една од овие обврски не е реализирана, и покрај тоа што жителите на Лисиче, Горно и Долно Лисиче со години апелираат за инфраструктурна санација. Ова не е само прашање на ветувања, тоа е прашање на достоинство и еднаков третман на сите делови од општината.

Затоа во недела, граѓаните имаат шанса да донесат одлука дали сакаат да завршат лажните ветувања и лаги, и да изберат работа и реални ветувања.

Ве повикувам во недела, заедно да се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК