Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во четвртокот го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ“.

Професорот Армаколас ја запозна претседателката со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија.

Сиљановска-Давкова и Армаколас разговараа за можните решенија во насока на откочување на македонските евроинтеграции и за евентуалната опасност од изоставање на некоја земја од Западниот Балкан.

Се согласија дека од полноправното членство на сите земји од регионот, освен Западниот Балкан, бенефит ќе има и ЕУ.

На средбата стана збор и за процесот на зачленување на државава во Европската организација за јавно право (EPLO), коешто ќе придонесе за промовирање на владеењето на правото и принципите на ефикасно институционално управување.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК