Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостувањето на Алсат М истакна дека идното управување со градот мора да биде транспарентно, отворено и инклузивно, со активно учество на граѓаните во носењето на одлуки.

„Се согласувам со младите и со граѓаните, процесите на носење одлуки во градот не биле инклузивни. Од сега мора да бидат. Градот мора да биде отворен, транспарентен и да овозможи секој граѓанин да има глас во тоа како ќе изгледа Скопје,“ изјави Шукова.

Таа потсети на последиците од Скопје 2014, проект што според неа го покажал колку е опасно кога одлуките се носат без јавна расправа и без консултација со граѓаните.

„Скопје 2014 беше пример за непродуктивно потрошени пари, милиони евра кои можеа да се вложат во водовод, канализација или нов систем за отпад,” истакна Шукова.

Во интервјуто, таа зборуваше и за потенцијалот на дигиталните решенија во управувањето со градот. Таа посочи дека процесот на дигитализација започнал пред неколку години, но бил прекинат, и дека токму тој може да донесе поголема ефикасност и транспарентност.

„Дигиталната алатка која во моментов се користи само за осветлувањето на булеварите донесе 80% заштеда на електрична енергија. Тоа покажува колку дигиталните решенија можат да му помогнат на градот,” рече Шукова.

Таа најави дека оваа паметна платформа ќе се прошири и за управување со паркинг системот, водоснабдувањето и отпадот, како и за директна комуникација на граѓаните со градската управа.

„Дигиталните процеси мора конечно да се донесат во градот. Така ќе си помогнеме сите и ние на граѓаните, и граѓаните на нас,” рече Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК