Centar.mk
РЕГИОНБИЗНИС

Овие граѓани ќе добијат задолжителен божиќен бонус од 639 евра – Дали ова е применливо и во Македонија?

Заменик премиерот на Словенија, Матеј Арчон, соопшти дека исплатата на божиќен додаток за сите вработени – и во јавниот и во приватниот сектор – ќе стане законска обврска не само оваа година, туку и во иднина. Според предлогот, висината на бонусот ќе изнесува половина од бруто минималната плата, односно оваа година работниците ќе добијат по 639 евра. Овој износ нема да подлежи на оданочување и нема да бидат пресметувани придонеси за работодавачите.

Арчон објасни дека компаниите кои се соочуваат со финансиски тешкотии ќе имаат можност да го исплатат таканаречениот зимски бонус доцна, но најдоцна до 31 март 2026 година, слично како што веќе е регулирано исплаќањето на надоместокот за одмор. За да се спречат евентуални негативни последици врз деловното работење, владата предвидела и посебен исклучок за тековната година.

„Фирмите кои навистина имаат проблеми со ликвидноста ќе можат оваа година да исплатат само една осмина од минималната плата, што моментално изнесува 160 евра“, истакна Арчон. Тој додаде дека во такви случаи на компаниите ќе им биде забрането да исплаќаат дивиденди или бонуси на раководните структури.

Во македонската јавност пак се отвора прашањето – Дали ова е применливо и во Македонија?

Можеби ќе ве интересира

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

ДЕСК

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

ДЕСК

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

ДЕСК