17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Митовски: Крива Паланка денес е пример за развиен град , барам нов мандат за да продолжиме со чесна работа

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашко Митовски, на трибина во Крива Паланка побара поддршка од граѓаните за уште еден мандат, повикувајќи се на својата досегашна работа, посветеност и љубов кон градот.

„Последниве четири години беа повеќе од мандат. Секој што доаѓа во нашиот град вели: „Крива Паланка блеска! И нема запирање. Нашиот град денес е пример за уреден, изграден и развиен град кој сигурно чекори напред. Нови улици, нови фасади, модерни училишта, детски градинки, зелени паркови, поддршка за мајки, пензионери, ученици, спортисти, порача Митовски.

Тој упати и критика до своите опоненти, за кои рече, се служат со притисоци и невистини: „Некои мислат дека со лаги ќе нè победат. Дека со притисоци ќе нè скршат. Но една работа не ја разбраа: Народот не се плаши. Кривопаланчанецот не се купува. Кривопаланчанецот работи, гради и верува, порача Митовски.

Тој истакна дека неговата кандидатура не е барање за позиција, туку продолжување на започнатата работа.

„Ветувам само едно, ќе продолжам со истата љубов, со истиот жар, со иста чесност. Со работа и одговорност. Барам можност да продолжам каде што застанав.“, додаде кандидатот за градоначалник на Крива Паланка.

Митовски ја претстави својата визија за нов мандат со конкретни планови и симболична порака: Секој нов проект, секоја нова инвестиција е симбол на нашата решителност. Дајте ми можност новите улици да бидат реки на надеж, новите мостови да бидат раце што не држат заедно, а училиштата , очи и срце што чукаат за иднината.“, порача Митовски.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК