18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Левица: Децата со хронични болести оставани без терапија – прекинете со нестручните одлуки

Соопштение на Левица:

Антифашистичкиот фронт на жени на Левица, АФЖ – Левица, остро реагира на алармантната состојба со која се соочуваат децата со ретки болести и хронични респираторни состојби, особено асматичарите, чии права системски се газат веќе три години.

Сведочиме на крајно нечовечко и опасно практикување на социјалната и здравствена заштита: наместо лекарски комисии составени од педијатри, пулмолози и други стручни лица, одлуките за доделување на финансиска поддршка и пристап до терапија ги носат социјални работници без медицинско образование! Ваквиот систем директно ги загрозува животите на децата!

Родители што се обратија до АФЖ – Левица сведочат дека:
– Се чека по 6 месеца за жалба до второстепена комисија, додека децата остануваат без терапија;
– Дијагнозите, лабораториите, спирометријата и дури компјутерска томографија со контраст се игнорираат или погрешно толкуваат;
– Децата се прашуваат „дали пијат чај“, а не се земаат предвид сериозни хронични состојби, како висок степен на астма и операција на бели дробови,
– Родителите сами ги плаќаат лековите и витаминските терапии, додека добиваат минимална поддршка – доколку воопшто ја добијат!

Додека институциите се кријат зад бирократија, децата се лекуваат на приватно или остануваат без терапија. Сето тоа, додека чекаат „решение од комисија“ која во многу градови веќе не постои или е формална.

Нашите барања се јасни:
• Итно враќање на стручни лекарски комисии во сите градови, а НЕ социјални работници!
• Забрзување на процесот за одобрување на терапија, за да не остане ниту едно дете без лек!
• Државна обврска за покривање на терапијата, без условување со небулозни процедури!
• Јавна одговорност за секој случај на повредено право со ревизија на одбиените предмети!
• Вклучување на родителите во реформата на комисиите!

АФЖ Левица стои зад секоја мајка, секој татко и секое дете чие здравје и достоинство е загрозено од институционална незаинтересираност и неодговорност.

Борбата за социјална правда е прашање на живот!

ДОСТА Е!

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК