17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: За само 900 евра по квадрат направивме европска градинка, домаќински работиме

„Имаме најдобри градинки, и не само новата градинка „Пролет“, туку и сите останати градинки се со најдобри услови. Скоро сите се реконструирани изминатите години. Цената е 1490 денари, имаме доволни капацитети, но планираме уште една нова градинка која веќе е вметната во новиот ДУП кај Клинички Центар и е ставена во новата програма“. Ова го потенцираше кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

Тој, истакна дека приоритет е упис на центарски деца во градинките и не смее центарско дете да нема можност да се запише во градинката, во реонот кадешто живее.

„И дополнително, имаме празни капацитети да запишеме дечиња и од други општини, чиишто родители работат во Општина Центар и им се подобри условите, поблиску, полесно им е за оставање и земање, по завршување на работните обврски. Слободно можам да кажам дека ги задоволуваме целосно капацитетите, но и планираме уште една модерна градинка во наредниот мандат“, рече Герасимовски.

Во емисијата, Герасимовски информираше дека отпочната и завршена е една модерна градинка во стилот на Шведска, со најевтина цена, 900 евра квадрат.

„Може да замислите и тоа се можело ако се сака. За 900 евра квадрат имаме една модерна градинка којашто е пример не за Центар, не за Скопје, туку за целата држава. Инвестиравме многу во училиштата, ги реконструиравме истите спортски терени, внатрешни сали. Ги подобруваме условите на учениците. Нудиме и нова бесплата храна за учениците од прво до четврто одделение, бесплатни екскурзии. За највозрасните, сето она што беше побарано изминатите четири години, заедно го реализиравме. Почнувајќи од одредени услуги кои ги има општината за највозрасните, но и отворање на пензионерски клупчиња, кадешто истите се социјализираат, се дружат“, посочи Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија – „СМАРТ/МК 2030“

ДЕСК

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК