17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Во Центар имаме фотодокументирани 10.000 дрвја во ГИС порталот, грижата за зеленилото на највисоко ниво

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 информираше дека сите зелени површини на територија на Центар се евидентирани во ГИС порталот, кадешто има над 10.000 садници.

„Имаме ГИС портал кадешто во моментов се детектираат сите зелени површини во градот. Имаме над 10.000 садници коишто се со слика. Може да го отворите порталот, јавно достапен е, на истиот да ги видите сите оние садници кои се исликани на територијата на Општина Центар“, рече Герасимовски.

Тој потенцираше дека овој ГИС портал се проширува за повеќе можности. Со регистрација во ГИС-от, сите корисници може да добијат пристап до сите важечки детални урбанистички планови и пребарување на градежните и катастарските парцели, за полесно лоцирање на потребниот простор.

„ГИС порталот истиот го прошируваме за повеќе можности да имаат самите граѓани, да вадат ДУП-ови, да имаат увид во ДУП-овите, да имаат можност родителите да ги запишуваат децата во градинката, училиштето итн. Во самиот ГИС портал ги има сите зелени површини коишто се на територијата на општината. Нашата грижа во делот на зеленилото е на највисоко ниво. И затоа имаме голем број, над 4, 5.000 садници овие четири години кои се засадени на територија на Општина Центар. Поголем проблем ни е одржувањето коешто е на „Паркови и зеленило“ коешто треба да ги наводнува зелените површини и не го прави истото. И затоа ние, со нашата цистерна го завршуваме и тоа онаму кадешто нема систем капка по капка“, истакна Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија – „СМАРТ/МК 2030“

ДЕСК

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК