Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ во Крива Паланка ќе слави победа уште во првиот круг!

Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим.

„За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден. Затоа, нашата борба за Крива Паланка ќе продолжи со нов мандат, со победа на СДСМ и коалицијата и на советничките листи“, рече Филипче.

Тој додаде дека овие локални избори се борба за секоја општина, за секој граѓанин, за секој дом, а гласот за бројот 5 е глас за промена, за напредок, за подобра иднина.

„Ова е борба за Крива Паланка, но ова е и борба за секое населено место, секое семејство, секој човек, ова е борба за Македонија, за нашиот дом. Вашата сила е во гласањето. Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака за вистинска промена.Затоа што на Македонија ѝ се потребни промени“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК