Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Куманово: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва од големиот митинг „Се бориме за нашиот дом“ во Куманово истакна дека СДСМ повторно расте и станува најсилната партија која единствено може да му се спротивстави на ДПМНЕ.

„Денес, на два дена пред изборите, сакам јасно да им порачам дека силно ќе се разочараат. СДСМ се консолидираше, СДСМ повторно расте“, порача Филипче.

Пред големиот број граѓани во Куманово, Филипче истакна дека борбата на СДСМ е исправна, искрена и во интерес исклучиво на граѓаните.

„Затоа што патриотизмот за СДСМ значи да се бориш за секој човек, патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, патриотизам е да водиш политика за иднината и да ги заштитиш луѓето. Тоа е СДСМ и никогаш нема од тоа да отстапиме“, нагласи Филипче.

Од завршниот собир пред локалните избори во недела на 19-ти октомври, претседателот на СДСМ ги повика граѓаните да гласаат со разум и со срце.

„Да гласаме со вера дека оваа земја може подобро – и дека тоа почнува од нас“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од големиот митинг на СДСМ и Коалицијата во Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +