Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Куманово: Нема трети патишта, или силен СДСМ или власт без контрола на ДПМНЕ!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „ Се бориме за нашиот дом“, во Куманово, порача дека состојбата е јасна – нема „трети патишта“, или има силен СДСМ, или ДПМНЕ ќе владее без контрола со поделени луѓе што веруваат во социјалдемократската идеја.

„СДСМ денес е различен. Влегуваме со чесни и проверени луѓе, лица со интегритет. Нудиме кандидати што ќе работат за вас и со вас. Се отворивме за сите што некогаш биле изневерени, за сите што сакаат политика што служи на народот, а не на поединци од власта. Се бориме да ја вратиме довербата и таа доверба ја враќаме“, рече Филипче.

Социјалдемократите како што кажа Филипче веруваат дека силата во политиката е да му помогнеш на послабиот.

„Ние веруваме дека државата е најсилна кога е на страната на луѓето – на работникот, на пензионерот, на наставникот, на младите. Ние веруваме дека заедно сме посилни од било која пропаганда, од било каков режим, од било каква лага“, рече Филипче.

На трибината во Куманово, Филипче порача дека за СДСМ патриотизмот значи да се бориш за секој човек, патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, патриотизам е да водиш политика за иднината и да ги заштитиш луѓето.

„Тоа е СДСМ и никогаш нема од тоа да отстапиме. Во недела влегуваме во силна борба. И таа борба ќе ја водиме со главата горе, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК