17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Направеното на Комненовиќ во Чучер Сандево е пример за резултати со успешна работа

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево порача дека Саша Комненовиќ е еден од најуспешните градоначалници насекаде низ државата.

„Чучер Сандево изминатите четири години, под раководство на Саша Комненовиќ, е доказ дека може општината да биде успешна приказна кога има визија, посветеност и кога се реализираат проекти. Го слушнавме предмалку другарот Саша со бројки и реализирани проекти и неговиот план за следните 4 години. Неговите резултати кои ги има во секое населено место во општина Чучер Сандево, се дела кои потврдуваат како се работи и гради кога социјалдемократите водат и креираат политики“, нагласи Филипче.

Тој го повика граѓаните во Чучер Сандево, во недела на 19 октомври да го дадат својот глас за број 5, за да може Саша Комненовиќ да продолжи да го гради и развива Чучер-Сандево, стабилно, одговорно и чесно.

„Со поддршката за Саша Комненовиќ и советничката листа на СДСМ и Коалицијата гласате за политиките кои се во служба на луѓето, гласате за да продолжи развојот на Чучер Сандево. Да продолжиме чекор по чекор, со сигурност,визија и грижа за секого да го градиме Чучер Сандево и да го менуваме на подобро, со изградба на нови улици, канализации и инфраструктурни и капитални инвестиции, во која секој граѓанин чувствува дека има свој дом, а младите своја иднина тука’, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир во Чучер Сандево.

Можеби ќе ве интересира

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК

Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

ДЕСК