Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Масовно да излеземе на гласање, падот на ДПМНЕ започнува

Во недела да излеземе масовно на гласање, да ја подигнеме партијата, да покажеме дека СДСМ е тука, дека СДСМ е силен и дека падот на ВМРО-ДПМНЕ започнува веќе од понеделник, порача Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Куманово.

„Во недела влегуваме во силна борба. И таа борба ќе ја водиме со главата горе, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија. Ова не е време за апатија, ниту за дистанца. Ова е време на одлука. Или ќе го собереме јадрото и ќе ја браниме куќата што ја градиме со децении, или ќе гледаме како таа куќа се руши цигла по цигла, а ние остануваме без дом и без иднина“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна СДСМ влегува во оваа битка исправено затоа што има исправни и искрени политики и затоа што на секој проблем што ги тишти граѓаните понудивме решение.

„СДСМ понуди решенија и реални мерки за платите, за цените, за пензиите, за реформите, за европската перспектива. Ништо не прифатија затоа што тоа не ги интересира. Ги интересираат само бизнисите, фирмите во Бугарија и луксузот кој го уживаат во власта.Влегуваме исправено затоа што ја кажувавме вистината која власта сакаше да ја скрие за сите скандали и трагедии“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ цврсто ги бранеше и промовираше вредностите врз кои почива државата и тоа е суштинската разлика помеѓу СДСМ и другите партии.

„Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за Македонија која е победник, а не жртва. Затоа во недела, гласаме со разум, гласаме со срце, гласаме со вера дека оваа земја може подобро – и дека тоа подобро почнува од нас. Гласаме за Македонија, гласаме за Куманово, гласаме за промени и силен СДСМ“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК