16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани

„Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче.

Претседателот Филипче исто така рече дека СДСМ немало скриени намери во кампањата туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.

„Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата“, рече Филипче на Сител телевизија.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК