Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната. Во рамки на настанот кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесет годишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – флаери, лифлети и торбички.

ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање на мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата.

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната,истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјава, од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми кои се спроведуваат во АХВ чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК