Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Бутел и Скопје заслужуваат вистинска промена со работа, резултати и одговорност

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција истакна дека Бутел и граѓаните на Скопје одамна чекаат вистинска промена.

„Во срцето на Скопје, Бутел одамна чека на вистинска промена. Нови улици, чисти паркови, поврзани населби и пред сè, општина што ги слуша граѓаните,“ изјави Шукова.

Знам дека луѓето во Бутел се уморни од празни ветувања, истакна Шукова. Таа најави инвестиции во инфраструктурата, уредување на реката Серава и изградба на пешачки и велосипедски патеки.

„Ќе ја вратиме Серава како гордост на заедницата, уредено корито, патеки и зелена оаза наместо дива депонија. Новите мостови и надвозникот на булевар ‘8 Септември’ ќе го поврзат Бутел со центарот и ќе донесат подобар јавен превоз,“ рече таа.

Таа потенцира дека решавањето на проблемот со водоснабдувањето ќе биде еден од клучните приоритети.

„Жителите на Бутел имаат акутен проблем со недостиг на вода за пиење, а никој досега не преземал ништо. Проблемот не се решава со козметички зафати во кампања, туку со системско решение. Ќе работиме на трајно, целосно решение кое нема да создава нови проблеми на други локации,“ истакна Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК