Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Или си СДСМ или не си“ – реагира Филипче на фотографијата со Црвенковски, Пецаков и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ

Јавноста е збунета од двете фотографии кои кружат на социјалните мрежи, а едната според медиумите била направена во угостителски објект каде се гледа како поранешниот претседател на СДСМ и лик кој беше трн во око на ВМРО ДПМНЕ, е во друштво со кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, како и со уште две лица едниот пратеник од власта, а другиот познат охридски бизнисмен.

Покрај оваа, на социјалните медиуми се појави и фотографија на која Бранко Црвенковски е во друштво на носителката на листата на советници на ЗНАМ.

На ова покрај реакциите во јавноста, со краток одговор се огласи и актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче, кој ја кажа добро познатата фраза на Црвенковски од времињата кога СДСМ се бореше против тогашната авторитарна власт – „Или си СДСМ или не си“.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

C +

Облачно и студено време, од утре внрежи од снег

C +

Денеска се празнува Богојавление-Водици

C +