Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Историски најниска реализација на капитални инвестиции од 43%

Претседателот на СДСМ Венко Филипе денеска одржа прес конференција на која зборуваше за економската состојба во државата. Тој ја истакна сериозната загриженост за драматично ниската реализација на капиталните инвестиции кои всушност треба да ја влечат економијата напред.

„Би рекол историски најниска реализација. Заклучно со септември, реализирани се само 43,78% од предвидените средства, или 20,7 милијарди денари. Тоа значи дека оваа ќе биде уште една изгубена година за капитални проекти. Проекциите покажуваат дека до крајот на годината ќе имаме некаде околу само 55% реализација. Тоа значи дека пари што требало да отворат работни места, да донесат развој, ќе останат неискористени. Овие бројки покажуваат дека оваа Влада нема капацитет да ги реализира ниту сопствените планови и проекти, она што самите се обврзале да го направат“, рече Филипче.

Претседателот Филипче исто така зборуваше за статистичките бројки кои до крајот на годината ќе отворат буџетска дупка од 1,4 милијарди евра по што го повика премиерот Мицковски да одговори како планира да ги покрие тие средства, и дали повторно државата ќе треба да се задолжи.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК