Centar.mk
СВЕТ

Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови во областа, соопштија службеници за итни случаи.

Екипите на Националниот систем за управување со ризици соопштија дека спасувачките напори се во тек, а телата се пронајдени во три одделни окна.

„Првата фаза од работата е испумпување на сите окна во секторот за да се намали нивото на водата, по што ќе следи проценка на спасувачките напори“, соопштија службеници за итни случаи во објава на социјалните медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МОСКВА СО ОСТРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЕСТОНИЈА – Растат тензиите околу граничните мерки

ДЕСК

АЛБАНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ОД НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ УКРАИНСКИ ДРОНОВИ – Тирана со официјална реакција

ДЕСК

НАТО ГИ ОТФРЛА РУСКИТЕ БАРАЊА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД 1997 ГОДИНА – Руте со јасна порака

ДЕСК