14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.

Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.

Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.

Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакаат да го воведат најдолгиот работен ден во Европа, Грците повторно на штрајк

C +

Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

C +

Трамп испрати помирувачка порака до Иран, доби остар одговор

C +
error: Соддржината е заштитена.