Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Млад кумановец измамен за 18.000 евра – еве како се одвивало сето тоа

На 13.10.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари. Според пријавеното, лицата го контактирале на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои пријавителот бил заинтересиран да ги купи.

Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка.

Исто така, според пријавеното, истите машини ги видел пуштени на оглас за продажба, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК