Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода две лица од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК