13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност

„Кога ќе се прочита Програмата, веднаш се гледа дека таа е еден заокружен пакет со конкретни проекти и решенија. Најважно ми беше да понудиме решенија за сите граѓани, за сите генерации, за сите делови на Центар и за сите области. Тоа е концептот, и затоа за мене сè е главно и важно,“ вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, во интервју за Фактор.

Герасимовски потенцира дека добар градоначалник мора да биде добар домаќин човек кој знае како да ги користи јавните ресурси во интерес на сите.

„Јас не делев, туку обединував. Не ја водев општината од канцеларија и фотелја, туку бев на терен меѓу граѓаните. Внимавав да има поддршка за сите, од најмлади до највозрасни, за сите урбани заедници и маала. Работев чесно, отчетно и транспарентно, при што ниту еден денар од буџетот не беше потрошен за лични трошоци. Средствата што традиционално оделе за кафеани и дневници ги пренаменивме за социјални потреби и за ранливите категории. Општината Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност, што е признание за одговорното работење. Моите лични и семејни вредности, работливост, чесност, правичност и солидарност ги внесов во општината како основни принципи на работа. Не станав градоначалник за да барам функција, туку да работам и да сработам. Само врз основа на резултати и факти барам доверба повторно“, вели Герасимовски.

Герасимовски остро се осврна и на противкандидатите, нагласувајќи дека дел од нив немаат програма, ниту реално знаење и искуство.

„Од другата страна имаме кандидати без визија, без проекти и без резултати. Јас не се занимавам со нивните лаги и манипулации, затоа што верувам во силата и знаењето на граѓаните. На нив им ги оставам лажните видеа и измислиците, на моја страна се резултатите, интегритетот, искуството и чесноста,“ порача Герасимовски.

Тој истакна дека на овие избори Центар има вистинска граѓанска коалиција и дека победата ќе ја донесе реалната работа и докажаната посветеност кон граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.