13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од големиот митинг „Се бориме за нашиот дом“ во Струмица, ја побара поддршката од граѓаните, за кандидатот на градоначалник, Марјан Даскаловски и советничката листа на СДСМ и коалицијата.

„Марјан Даскаловски, нашиот другар, вашиот сосед и пријател ја доби обврската и привилегијата да ги продолжи најдобрите традиции на татковците на градот, кој како и секој татко се грижи за домот. Вие, струмичани, многу добро знаете кој е Марјан Даскаловски. Човек од теренот. Човек од градот. Човек од народот и човек за народот. Вие добро го знаете, теренец 4×4, незапирлив. Цел живот со и за струмичани и Струмица“, истакна Филиче.

Тој нагласи дека Даскаловски и СДСМ имамат јасна визија за Струмица и знаат како таа визија да стане реалност.

„Струмица ја гледаме како општина со развиена економија, модерно земјоделство, силен туризам и стабилен систем на социјална заштита. Визијата е да создадеме локална средина каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за образование, работа и квалитетен живот“, истакна Филипче, додавајќи дека предложениот тим за
Струмица ја презема одговорноста и она што ќе го вети ќе го исполни.

„Затоа СДСМ на овие избори нуди луѓе кои луѓе кои живеат чесно, работат чесно и сакаат чесно да ја водат својата општина. Луѓе со интегритет, кои го даваат својот збор пред граѓаните, а не пред партијата. Кои ќе служат на граѓаните, а не на СДСМ. Тоа е клучната разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.