14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

„Вистината за Кочани ја објавивме кога видовме дека истрагата станува селективна, дека некој се обидува да ја затвори во тесен круг, дека се штитат функционери од институциите, дека јавноста останува без одговори. Тогаш излеговме со факти, со документи и со точни информации. И кога тоа се случи, Обвинителството мораше да постапи, а истрагата се прошири”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Кочани.

Филипче потсети дека СДСМ секогаш стои на страната на вистината и граѓаните, без разлика на политичката цена, што со храброст и одговорност на дело го покажа, кога институциите молчеа, а јавноста и родителите бараа одговори за истрагата, СДСМ јавно почна да поставува и отвора некои прашања.

„Оставивме институциите да си ја работат работата. Но кога видовме дека болката на родителите почнува да се игнорира, кога видовме дека институциите почнуваат да се затвораат, кога наместо вистина почнаа да се шират извртени приказни – тогаш го кренавме гласот. СДСМ беше првата партија што јавно постави прашања. Баравме да нема селективност, да нема ‘заштитени’, да одговараат сите – од прв до последен”, нагласи д-р Филипче.

Тој нагласи дека тоа не било направено заради политички поени, туку човечка и морална должност, нагласувајќи ја определбата на СДСМ за правда, отчетност и транспарентност, особено кога другите се обидуваат да ја сокријат вистината од граѓаните.

„Притисокот на вистината го проби ѕидот што се градеше да се заштитат одредени луѓе. Ова воопшто не го сметаме за некаква победа. Тоа не е политичка заслуга, тоа е само исполнета морална обврска. Да се објави вистината и да одговараат сите што се огрешиле”, истакна д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, во Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.