Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бруто-домашниот производ во 2024 во однос на 2023 година е номинално зголемен за 6.8 %

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3.0 %, информира Државен завод за статистика.

Номиналната стапка на раст на БДП во 2024 година, во однос на 2023 година, изнесува 6.8 %. Вредноста на БДП во 2024 година изнесува 964 087 милиони денари.

Најголемо учество во додадената вредност со 17.9 % во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82.4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61.7 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226 482 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.6 %, машините и опремата со 35.7 %, а останатите инвестиции со 10.7 %.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК