Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Алиу: За нов директор на Клиникaта за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, формирани се и комисии за надзор на работата на оваа клиника.

-По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот веќе директор д-р Игор Кузмановски е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, посочи министерот Алиу.

Министерството е во постојана комуникација со Лекарската комора, формирана е комисија во Министерство и побаран е инспекциски надзор од ДСЗИ, по што ќе се формира и интерна комисија за стручен надзор на Клиниката.

Можеби ќе ве интересира

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК

Тројца против дечко и девојка: ноќна пресметка во Кисела Вода

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.