Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

На локалните избори, Демократскиот сојуз во Конче настапува самостојно со листа на советници.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, заедно со кандидатите за советници и носителот на советничката листа Јонче Здравев (19), посети повеќе населени места (Дедино, Гавревци, Ракитец, Лубница, Горни и Долни Липовиќ), како и Конче, каде разговараше со граѓаните за програмските приоритети кои обезбедуваат рамномерен развој на сите населени места во општината.

Доколку се работи чесно и посветено, Конче може да биде модерна и една од најубавите општини. Шумите, водите, езерото Мантово и идеалната надморска височина се одлични предуслови за развој на туризмот, земјоделието и сточарството.

Само поголема грижа и насочување на компаниите да инвестираат во преработувачки капацитети, се гаранција младите да останат во овој прекрасен крај.

Трајанов нагласи дека во соработка со Владата општината Конче има потенцијал да гради инфраструктура, пред се локални патишта, обнова на водоводната мрежа, пречистителни станици, бесплатен превоз, здравствена заштита, редовна набавка на лекови за повозрасните граѓани, како и решавање на други потреби на граѓаните.

Трајанов вети соработка со сите советници и отворена врата за сите граѓани.

Трајанов ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври, да гласаат за Јонче Здравев, кој под бројот 19 е носител на листата на советници на Демократскиот сојуз.

Јонче Здравев е гаранција дека заедно со сите граѓани ќе ја градат општината.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК