Овие се локални избори и се зборува за локални проекти, бидејќи локалните проекти се проекти од најголем интерес за граѓаните во општината, кои најчесто ги решаваат потребите на граѓаните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Чучер Сандево во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски, понатаму посочи дека секоја кампања е можност да се испрати и одредена порака преку која се определува патот по кој се планира да се движат работите во иднина и по кој ќе се води државата.
Тој посочи дека ги споменува СДСМ, ДУИ и останатите политички партии, за да не ни се повторат тие и да остане запаметено тоа што ти е го правеле во минатото, за да не дозволиме никогаш повторно да ни се случат ниту СДСМ, ниту ДУИ.
Понатаму, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие локални избори влегува како апсолутен фаворит, затоа што пред сè, нуди програма и проекти кои значат развој за општините и државата, додека политичкиот противник СДС-ДУИ-Левица излегуваат на овие избори со најцрната, најмизерната, најниската кампања што некогаш демократска Македонија ја видела од својата независност до денес.
„Ако ги исклучиме оние, би рекол, монструозни лаги коишто ги објавуваат преку своите спотови коишто ги емитуваат на медиумите, оние желби на нивните перјаници новинарски кои посакуваат да го видат моето распарчено тело спакувано во куфер, па се до епитети коишто ми ги делат мене најчесто и на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, сè ќе слушнете, само нема да слушнете што е тоа што ќе го сработат во вашата општина, каков план имаат и каква визија имаат тие во иднина како да ја развиваат општината и како да ја развиваат Македонија“, рече Мицкоски.
Затоа, потенцираше Мицкоски, на овие избори не треба да заборавиме дека имаме две опции, нема трета, а едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која работи за граѓаните и државата, а од друга страна СДСМ-ДУИ кои за седум години го ограбија народот и ја распродадоа државата, на кои сега им е придружена и Левица.
„Првата опција е коалицијата СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица. Практично, Венко Филипче или Зоран Заев, како сакате, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружиле мотивирани од две работи. Првата работа е жедта за власт и тука не бираат средства со кои се служат само да се доберат повторно до власт. Зошто им е власта битна? Имаат слоган, едниве велат се бореле за домот. Тука има многу дилема, многумина од граѓаните ме прашуваат за хациендите на Егејското море, за хациендите во Дубаи, за јахтите, за кој дом зборуваат? Бидејќи тие имаа можност, седум години беа влада, да се борат за нашиот дом заеднички, Македонија. Во тие седум години видовме дека на нив приоритет им беа нивните лични интереси, буквално го ограбија народот и ја распродадоа државата. Тоа е белегот на тие седум години кога СДСМ и ДУИ беа во владата“, посочи Мицкоски од Чучер Сандево.
фото ВМРО ДПМНЕ