Centar.mk
СВЕТ

Трамп испраќа 200 војници во Израел за следење на мирот

САД испраќаат 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел, каде што ќе формираат цивилно-воен координативен центар, објавија американските претставници.

Центарот ќе се користи за следење на спроведувањето на прекинот на огнот и надгледување на хуманитарната помош, а покрај американските офицери, ќе учествуваат и претставници од Египет, Катар и Турција. Тие ќе го следат почитувањето на договорениот прекин на огнот и ќе известуваат за можни прекршувања.

Американските претставници нагласуваат дека нема да влезат американски војници во Појасот Газа. Операцијата ја води Централната команда на САД (CENTCOM), која ги надгледува воените активности на САД во регионот.

Доколку размената на заложници и затвореници биде успешно завршена, планот е да се формираат меѓународни сили за стабилизација, но тој договор сè уште не е постигнат меѓу вклучените страни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +