Centar.mk
СВЕТ

Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица.

Украинската министерка за енергетика, Свитлана Гринчук, изјави дека руските сили напаѓаат енергетски објекти, чии работници се обидуваат да ги намалат ефектите од нападот.

„Експертите за енергетика ги преземаат сите потребни мерки за да ги намалат негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, тие почнуваат да вршат санациски работи“, напиша Гринчук на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека осум лица се повредени, од кои пет се во болница и дека градот останал без електрична енергија.

Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, објави дека украинската престолнина била нападната од руски беспилотни летала и ракети по полноќ.

Ткаченко рече дека дронот запалил станови на 6-тиот и 7-миот кат од облакодер во централниот Печерски округ и дека нема извештаи за жртви.

Сликите објавени на интернет покажуваат станови во пламен додека пожарникарите заземаат позиции за да интервенираат.

Во југоисточниот град Запорожје, беспилотните летала погодија неколку цели, при што беа повредени три лица и предизвикаа најмалку еден пожар во станбена зграда, рече регионалниот гувернер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ БАРА НОВИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ – Предложена евакуација на цивили од десет окупирани локации

ДЕСК