Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, има уапсени

На (07.10.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај лице (40) од Скопје, соопшти МВР.

При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

C +

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

C +

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

C +