На средба со сопартијци и поддржувачи што се одржа во Шуто Оризари, Демократските сили на Ромите (ДСР) и кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу ги презентираа програмските приоритети за локален развој, конципирани во пет столба: Инфраструктура и урбан развој; Култура, образование и идентитет; Здравје и социјална грижа; Локална економија и нови работни места; Зелено и транспарентно Шуто Оризари.
Во фокусот на дискусијата беа конкретни приоритети за унапредување на јавните услуги, подобрување на локалната инфраструктура и отворање на простор за нови инвестиции и вработувања, со посебен акцент на отчетност и транспарентност во работењето на општината.
„Нашата визија е јасна, а тоа е Шуто Оризари да стане симбол на функционални институции и фер шанса за секое семејство. Петте столба на програмата не се слогани, туку работни задачи со одредени чекори, партнерства и рокови. Ќе ја вратиме довербата преку резултати што се гледаат, а тоа се уредени улици и маала, култура што го чува идентитетот, достапна здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора нови работни места и зелена, транспарентна општина каде секој глас се слуша,“ изјави Шабан Салиу./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...