Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

– Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра!, реагира СДСМ.

– Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?

Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително.

Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто?

Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можноста да купуваат поевтино онлајн?

Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?

Уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот, се вели во соопштението на СДСМ.

– Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК